Магазин 29. април 2020. / 09:06

Претпладне променливо облачно, попладне локален пороен дожд

Претпладне променливо облачно, попладне локален пороен дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме.