Магазин 13. јануари 2020. / 09:20

Претпладне магливо, попладне сончево

Претпладне магливо, попладне сончево

Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минимална температура e во интервал од минус седум до три степени, а максималната  од еден до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време, со температура од минус еден до пет степени Целзиусови.

Во следните три дена ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Минимална температура ќе биде во интервал од минус седум до еден степен, а максималната  од четири до 12 степен