Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, температурата ќе се движи од 7 до 23 Целзиусови степени. Во Скопје и околината температирата ќе биде од 11 до 22 Целзиусови степени.
Од средината на денот ќе почнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Врнежите преку ноќта кон вторник ќе бидат поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.