Магазин 19. април 2020. / 08:33

Претежно облачно со врнежи од дожд

Претежно облачно со врнежи од дожд

Времето денеска преку ден ќе биде облачно и попладне во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од два до шест степени.

Дневната температура ќе достигне 25 степени.

Од понеделник ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.