Времето денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој, особено на југозапад, ќе преминува во слаб снег на повиските места. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Минималните температури се движат од – 2 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе бидат во дијапазон од 1 до 7 Целзиусови степени.
Во првите три дена од следната недела времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а по одделни котлини со услови за појава на утринска магла.
Со текот на деновите, максималните температури постепено ќе растат до максимални 13 во среда.