Времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови.
Попладне и кон крајот на денот од Запад ќе почнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура се движи од 1 до 7 степени Целзиусови, а дневната ќе биде од 10 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со ветер. Утринска температура достигна 5 степени, а дневна ќе се искачи до 19 степени Целзиусови.