Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура се движи од 3 до 11, а дневната ќе биде во интервал од 17 до 25 степени Целзиусови.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степени Целзиусови.
Викендов продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела.