Магазин 26. јануари 2020. / 08:53

Преку ден облачно, од ноќеска со снег

Преку ден облачно, од ноќеска со снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта кон понеделник во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Минималната утринска температура се спушти до минус пет, а макисмалната дневна ќе достигне 13 степени Целзиусови.

Во понеделник, особено во претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во следните денови до четврток ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови, а ќе дува и умерен ветер од западен и северозападен правец.