Во попладневните часови, особено во западните и во северните делови од земјава се очекуваат оврнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Претпладне времето е облачно со утринска температура од -5 до 1 степен Целзиусов и дневна од 6 до 17 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до – 1, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Синоптичарите најавуваат слично време и за викендов. Ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.