Пратеникот и поранешен уредник на Алсат-М, Мухамед Зекири, синоќа се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска. Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде што била и свадбената веселба.
Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги.
Заќири претходно беше во брак од кој има и две деца.
Зекири освен главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, работеше и новинар во неколку други медиуми во земјава. Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.