Магазин 10. октомври 2020. / 17:55

Позната манекенка која исчезна лани, пронајдена „збунета“ во сиромашен кварт во Бразил

Позната манекенка која исчезна лани, пронајдена „збунета“ во сиромашен кварт во Бразил

Бразилската манекенка Елоиз Пинто Фонтес исчезна минатата година, а последен пат беше видена во Њујорк. Сега е пронајдена како скита по улиците на Рио дезориентирана, јавуваат локалните медиуми.

Елоиз некогаш беше на насловните страници на списанијата „Elle“ и „Grazia Glamour“, а беше и заштитно лице на „Dolce & Gabbana“.

Бразилските медиуми пишуваат дека полицијата сега ја пронашла по пријавата дека непозната жена одела по фавелата. Таа носела ранец во кој имало документи и договори со странски модни агенции и препораки од меѓународни фотографи.

Таа моментално е во болница, а нејзиното семејство е информирано за нејзиното пронаоѓање.

Семејството на Фонтес бараше информации за неа откако таа исчезна во јуни 2019 година во Њујорк, каде што живеела со нејзиниот сопруг и колега модел Андре Бирлеанул.

За неа се вели дека е во параноична состојба и не сакала да оди со полицијата, за која мислела дека се обидуваат да ја киднапираат.