Магазин 14. јули 2019. / 12:23

Познат српски кошаркар е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Познат српски кошаркар е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Кошаркарот на Црвена Звезда и српската репрезентација, Огњен Кузмиќ се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа што утринава се случила на патот Бања Лука – Приједор.

Кузмиќ со своето „Порше“ се судрил со автомобил „БМВ“. Тој и неговиот другар, кој исто така се наоѓал во „Поршето“ се здобиле со тешки повреди, додека двете лица во другиот автомобил завршиле со полесни повреди.

Засега нема други информации околу сообраќајката, освен дека Кузмиќ е итно пренесен во Клиничкиот центар на Република Српска.