Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, упати честитки до бошњачката заедница во земјава по повод големиот празник „Денот на државноста на Босна и Херцеговина”.
Во својата порака тој вели дека Бошњаците се најсилната алка која ги поврзува Македонија и Босна и Херцеговина и дека тие ќе продолжат да бидат мостот на пријателство и соработка помеѓу двете земји и народи.
– Бошњаците во изминатиот период дадоа исклучителен придонес за стабилизација и просперитет на РС Македонија, особено во нејзините интеграциски процеси кон ЕУ и НАТО. Тоа е дополнителна причина за квалитетна соработка на патот на реализацијата на заедничките цели на двете држави и народи со кои ќе имаме стабилен и просперитетен регион, се вели во честитката.
Рамчиловиќ, кој месецов беше избран за потпретседател на Собранието, изрази надеж дека соработката помеѓу двете земји уште повеќе ќе се унапредува во иднина и најави дека во најкраток рок се надева деќа со авионска линија ќе се поврзаат Сараево и Скопје.