Магазин 20. мај 2020. / 15:01

Посвоената ќерка на Анџелина Џоли била зачната при силување

Посвоената ќерка на Анџелина Џоли била зачната при силување

Захара, девојчето кое холивудската sвезда Анџелина Џоли го посвои од Етиопија, е зачнато кога била силувана нејзината мајка, пренесе „Ројтерс“.

Ментвабе Давид, биолошката мајка на Захара изјавила дека била нападната една вечер во 2004 година, кога ја завршила смената на градилиштето во Аваса во јужниот дел на Етиопија. Додека се враќала дома ноќе, еден маж ѝ пришол.

Го извади бодежот, ја стави едната рака врз мојата уста за да не можам да врескам. Потоа ме силуваше и исчезна – рекла расплаканата Ментвабе во 2007 година за „Ројтерс“.

Таа одлучила да го држи нападот во тајност, плашејќи се од последиците, во заедница каде што силувањето е табу“. На крајот, таа ѝ се доверила на својата мајка.

Не беше како што се плашев. Мајка ми имаше разбирање  и ме утеши. Бараше од мене да не направам ништо што може да ми го загрози животот – рекла Ментвабе.

Ментвабе Давид се породила во семејната приземна куќа и на девојчето му го дала името Јемсрах, што на официјалниот етиопски јазик значи „добри вести“. Сепак, таа наскоро сфатила дека нема да може да ја храни девојчето. По породувањето биолошката мајка избегала од дома, Захара ја чувале баба ѝ и дедо ѝ.

Анџелина Џоли прво сама ја посвои Захара на шестмесечна возраст, а потоа и Бред Пит ја посвои во 2006. Името од Јемсрах ѝ било променето во Захара.