Полицијата денеска го упаси поранешниот ирански потпретседател и градоначалник на главниот град, Техеран.
Мохамед Али Наџафи призна дека со пиштол ја убил една од своите сопруги, јавува денеска иранската државна телевизија. Полицијата го приведе Наџафи, откако тој самиот се предал и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи.
Таа му била втора жена на Наџафи, кој неколку пати пукал во неа. Телото на жената било најдено во нивниот дом во една од елитните населби на Техеран, а по неколку часа во полицијата се предал и поранешниот градоначалник.
Според шеријатскито закон, мажите во Иран може да имаат повеќе жени, а вакво злосторство со повеќе истрели од пиштол се ретки.