Магазин 08. април 2020. / 11:45

Понеделник, 13 април – втор ден Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, 13 април – втор ден Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник (13 април), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството, на граѓаните од католичка вероисповед во Република С.  Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.