Магазин 09. јануари 2021. / 09:15

Половина метар снег на Попова Шапка

Половина метар снег на Попова Шапка

Висината на снежната покривка во Попова Шапка изутринава изнесува 52 сантиметри снег. Најмногу дожд во текот на ноќта наврна во Дебар, Пожаране, Тетово, Крива Паланка, Берово, Крушево и Скопје.

Најладно е во Крива Паланка и Куманово каде температурата се спушти до 1 степен, во Тетово, Штип и Дебар 2 степени, додека во Скопје измерена е температура од 3 степени.