Магазин 14. јануари 2021. / 11:16

Полициската акција во Вевчани предизвика коментари на социјалните мрежи

Полициската акција во Вевчани предизвика коментари на социјалните мрежи

Полицијата вчера упадна на дефилето на Вевчанскиот карневал. На социјалните мрежи се појавија слики и видеа на кои се гледа како цели кордони полициски службеници и припадници на единицата за брзо распоредување, се испратени да ја разбијат прославата која е славена со векови и симбол на градот.

Како што стои во полицискиот извештај, службеници интервенирале во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот.

На социјалните мрежи се појавија многу реакции од граѓаните.

Исто како пред 33 години. Вевчани и вевчанци се нападнати од сопствената власт. Полицијата апси во обид да го спречи карневалот кој се одржува со векови

Posted by ОХРИД 24 on Wednesday, January 13, 2021