Магазин 09. февруари 2020. / 14:27

Погребан Кирк Даглас – Сопругата паднала од тага, синот Мајкл целиот во солзи

Погребан Кирк Даглас – Сопругата паднала од тага, синот Мајкл целиот во солзи

Познатиот американски актер Кирк Даглас вчера беше погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 104-годишна возраст.

Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството, меѓу кои и синот, славниот холивудски актер Мајкл Даглас (75). Покрај Мајкл Даглас, на погребот присуствувала и неговата сопруга, исто така познатата американска актерка, Кетрин Зета Џонс.

На погребот присуствувале и другите двајца синови на Кирк, Питар и Џоел, сопругата Ен Бајденс која има сто години, а заедно во брак минале 65 години.

Сопругата на Кирк, Ен, паднала од тага додека го испраќале ковчегот, а зад неа чекореле расплаканите Мајкл И Кетрин. Тагата ја криеле под црните очила. Ен и Кирк заедно минале 65. години во брак.

Погребот го водел рабинот Дејвид Волп(61) кој 25. години бил пријател со Кирк.

Ја имав таа привилегија покрај неговиот кревет да му рецитирам на хебрејски и да му дадам последен причест. Последните денови беше дома, окружен со семејството, во куќа полна со цвеќе, држејќи се за раце со саканата сопруга – кажал Волп.

Кирк Даглас беше роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниеловиќ во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.

Пред да се приклучи на американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое го користел дотогаш, официјално го променил во Кирк Даглас.