Магазин 06. февруари 2020. / 20:16

Поддршка за „Медена земја“ да добие Оскар од македонската дијаспора

Поддршка за „Медена земја“ да добие Оскар од македонската дијаспора

Обединета македонска дијаспора, една од најголемите организации на Македонците во САД, организира настан во Вашингтон по повод доделување на филмската награда Оскар за која е номинаран и нашиот документарен филм „Медена земја“.

Во соопштение за јавноста ОМД ги поканува Македонците во Вашинтон да дојдат на настанот на кој оскаровската вечер ќе се прикажува во живо и заедно да дадат подршка и охрабрување за „Медена земја“.

Церемонијата со доделување на наградите Оскар се одржува в недела во Лос Анџелес.

-Настанот ќе биде одбележан со изложба на фотографии од фестивалот Галичка свадба од фотографот Дејан Станковски и ќе се служи македонска храна и вино, се вели во соопштението.

За првпат во историјата на македонската кинематографија, наш филм е номиниран во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.