Магазин 08. јули 2020. / 13:28

По Карерас и Мориконе, Жељко Јоксимовиќ доаѓа на „Охридско лето“

По Карерас и Мориконе, Жељко Јоксимовиќ доаѓа на „Охридско лето“

Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Македонија и ќе има свој настап на фестивалот Охридско лето на седми август, во Антички театар. Веста за неговото гостување за ,,Фокус” ја потврдија и од ПР службата на ФОЛ.

Актерот Роберт Вељановски на својот фејсбук профил напиша:

А где су Муштулук и Несаница?!
Сви ви инкогнито радите, само како би Мила и Дамјан били несречни!!!

Posted by Роберт Вељановски on Tuesday, July 7, 2020

 

Информацијата дека Жељко Јоксимовиќ доаѓа на „Охридско лето“ предизвика негодување со оглед на фактот дека досегашната концепција на фестивалот не подразбираше настапи на музички ѕвезди од овој тип.

Изгледа чекаа да почине Мориконе, за да го донесат Жељко на Охридско Лето… Голем напредок за фестивалот, браво, браво.
Сега очекувам Пласидо Доминго во Еспана да најавит настап и да го затвориме кругот, напиша Богдан Илиевски на фејсбук.

Изгледа чекаа да почине Мориконе, за да го донесат Жељко на Охридско Лето… Голем напредок за фестивалот, браво, браво.

Сега очекувам Пласидо Доминго во Еспана да најавит настап и да го затвориме кругот.

Posted by Богдан Илиевски on Tuesday, July 7, 2020

 

 

Малку да ве спремам за Охридско лето и концертот на Антички театар на 7-ми август! Ќе грмит!!! Од Карерас и Мориконе на Јоксимовиќ <3 Браво наши!!!

Posted by Богдан Илиевски on Wednesday, July 8, 2020

 

 

 

Од друга страна некои музичари на социјалните мрежи го искажаа своето незадоволство, и како што потенцираат, неприфатливо им е музичари од странство да бидат на некој начин привилигирани, дури и во време на кризата поради пандемијата, која доста ја погоди нашата естрада.

Сигурно Жељко нема да пее за 14.500 денари – реагираат нашите музичари, на кои Владата им понуди помош од 14.500 денари месечно во време на кризата поради откажаните настапи.