Магазин 04. јуни 2020. / 09:13

Петок, 5 јуни неработен ден за сите граѓани

Петок, 5 јуни неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни (петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.

На седницата одржана на 3 јуни 2020 година, Владата го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на корона вирусот.