Магазин 18. април 2019. / 13:54

Пендаровски во „Бекстејџ“: Знам да пржам јајца и знам да направам кафе

Пендаровски во „Бекстејџ“: Знам да пржам јајца и знам да направам кафе

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, беше гостин во најновата емисија на „Бекстејџ“.

Тој зборуваше за детали од својот живот, а беше запрашан и дали знае да зготви нешто дома кога сопругата му е уморна.

Пендаровски се пофали дека знае да испржи јајца и да свари кафе.

Знам да пржам јајца. Јајца знам, кафе знам. Отприлика тука завршува мојот дијапазон на можности во кујната, рече Пендаровски.

Истакна дека кога се враќаат касно и дома немаат ручек, тој оди да испазари.