Магазин 18. мај 2019. / 15:31

Пендаровски и сопругата и посакаа успех на Тамара Тодевска

Пендаровски и сопругата и посакаа успех на Тамара Тодевска

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата Бети, преку видеоповик ѝ посакаа успех на Taмара Тодевска, која вечерва настапува во евровизиското финале.

-Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара Тодевска и нејзиниот тим во финалната вечер на Песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех!, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ упатувајќи апел да се гласа за бројот 8.