Магазин 13. јуни 2019. / 22:42

(ВИДЕО) Пандев главна ѕвезда во Бугарија

(ВИДЕО) Пандев главна ѕвезда во Бугарија

Академија Пандев денеска во Банско, Бугарија, го одигра првиот свој пријателски натпревар за време на подготовките за Лига Европа славејќи со 1-0 против Локомотив Пловдив, освојувачот на Купот на Бугарија изминатава сезона, пренесува Екипа.

Но, во центарот на вниманието во Бугарија, сепак беше капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, сопственик на струмичкиот прволигаш, кој користи дел од одморот во Џенова да биде и со својот клуб овие денови. Па, Пандев во Банско беше „нападнат“ од фанови на Локомотив Пловдив со бројни барања, секако, за фотографија и автограм од најдобриот македонски фудбалер.