Австралија, Шведска, Швајцарија, Нов Зеланд и Канада се добри опции за висококвалификувани работници, кои сакаат да емигрираат, се наведува во најновиот извештај на ОЕЦД.
Според извештајот на Организацијата за економска соработка и развој, овие земји нудат добри услови на пазарот за труд за висококвалификувани работници.
Истата група земји со Норвешка, но без Австралија воедно е најпривлечна за претприемачи, се наведува во извештајот направен во соработка со германската фондација Бартелсман.
ОЕЦД анализирал низа фактори во сите 36 земји членки, вклучителнио на услови, даноци, приходи, долгорочни изгледи, околина за семејството и квалитетот на животот.
За оние кои бараат терциерно образование, најдобри се Швајцарија, Норвешка, Германија, Финска и САД.
Израел, Јапонија и Турција, би можеле да ги подобрат условите за вработените за да се најдат на првите места, се наведува во извештајот.
Грција, Мексико и Турција немаат доволно странски инвестиции поради неповолните услови за работа, сметаат од ОЕЦД.