Магазин 04. јуни 2019. / 11:36

Отец Пимен: Секој треба да го почитува Стоилов – капа долу Ел Капитано!

Отец Пимен денеска порача дека спротивставеноста на ставовите може да води само напред, а не претопувањето во масата под влијание на медиумите.

Тој искажа поддршка за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов како шампион кој ни донел многу радости.

– Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чувствуваат силни и безбедни.
Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови.
Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови.
Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите.
Столе Стоилов треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донел многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа.
Капа долу Ел Капитано! – напиша Пимен.