Магазин 09. ноември 2020. / 23:14

Основачот на ИКЕА кариерата ја започнал на 6 години

Основачот на ИКЕА кариерата ја започнал на 6 години

Секојдневно слушаме интересни приказни за тоа како луѓето ги започнале своите бизниси. Таква интересна приказна има и основачот на ИКЕА кој почнал да заработува уште од своето рано детство.

Основачот на ИКЕА, Ингвар Кампрад, ја започнал својата кариера на 6 години продавјќи кибртчиња. На 10 години тој одел во соседството со велосипед и продавал божиќни украси. Потоа, на 17 години тој заработувал продавајќи риби и моливи.

Тој ја основал ИКЕА кога имал само 17 години, искористувајќи ги парите што ги добил како награда од татко му за успешно завршување на школувањето, и покрај дислексијата. Дизајните на компанијата набргу станале многу популарни благодарение на своите едноставност, квалитет и практичност. ИКЕА денес има 389 супермаркети низ целиот свет. Во 2016 година, компанијата имала профит од 43 милијарди долари.

Ингвар Кампрад, основачот на оваа компанија почина на 91-годишна возраст.