Магазин 13. септември 2020. / 20:56

Околу 2 000 луѓе немаат вода во битолската населба Горен Баир

Околу 2 000 луѓе немаат вода во битолската населба Горен Баир

Oколу 1.500 жители или 244 објекти во неурбанизираната ромска населба Горен Баир во Битола се со повремен доток на вода, а 500 жители или 88 објекти без вода, покажа истражувањето спроведено во рамки на проектот „А бе го сакам Баиро чист“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола,

ОКОЛУ 1.500 ДО 2.000 ЖИТЕЛИ СЕ ЗАСЕГНАТИ ИЛИ НЕМААТ ВООПШТО ВОДА ИЛИ ИМААТ ВО КРАТОК ПЕРИОД ОД 2 ПО ПОЛНОЌ ДО 6 НАУТРО. ОД ТРИ ЈАВНИ ЧЕШМИ САМО ЕДНА РАБОТИ, СО ШТО СЕ ФОРМИРААТ ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЛУЃЕ, ВЕЛИ МИТЕ РИСТОВ ОД РГД „ГЕОСФЕРА“.

Но, во оваа густо населена населба, со отежнат пристап, жителите имаат и други комунални и инфраструктурни проблеми. Таму 369 метри од улиците се асфалтирани, а 1591 остануваат без асфалт. Само 18 проценти од населбата е достапен за организирано подигање на отпадот со соодветни возила на комуналното прерпријатие. Во анкетата спроведена врз 60 семејства на прашањето каде го фрлаат сметот, половина одговориле на депонија, а 35 проценти насекаде.

-ОВДЕ ИМАМЕ ДВЕ ГОЛЕМИ ДЕПОНИИ КОИ ГО ЗАГРОЗУВААТ ЖИВОТОТ НА ЖИТЕЛИТЕ. ЕДНАТА Е ДУРИ И ВО КАНАЛОТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПОРОЈНИТЕ ВОДИ, СО ШТО ВО ОПАСНОСТ СЕ ДОВЕДУВА И НАСЕЛБАТА БАДЕМБАЛАРИ ОД ПОПЛАВИ, ВЕЛИ РИСТОВ.

Исто така поголем дел од населбата е со дивоградби, а узурпирани се дури и приватни парцели, поради што многу жителите се фантоми, без лични карти

НЕ Е УРБАНИЗИРАНА ТАА НАСЕЛБА, ШТО Е ТЕЖОК ПРОБЛЕМ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ НА НИВНАТА ЛИЧНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ВЕЛИ РАМАДАН РУСТЕМОВ, НВО „РОМСКО ЈАТО“ БИТОЛА

Во рамките на проектот невладините организации заедно со локаланата самоупра дебатираа за изнаоѓање одржливи решенија за проблемите на жителите во оваа битолска населба.

Се предлага граѓанскиот сектор и институциите да работат на подигање на еколошката свест кај ромското население, комуналните претпријатија да постават контејнери со поголем капацитет таму каде имаат пристап нивните возила.

Онаму каде што е возможно да се урбанизра населбата Горен Баир за да се овозможи инвестирање во водоводната и канализационата мрежа или дислоцирање на населбата на соодветна локација.

И покрај тоа што голем дел од овие луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, не може да се примене механизамот за бесплатна правна помош бидејќи населението е нелегално населено во овој дел од Битола.

Извор: Телма