Во организација на локалната самоуправа од утре до 28 октомври Охрид ќе биде домаќин на промо – тура „Охрид 2019“, со цел презентација и приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид до граѓаните на Италија особено на оние кои живеат во регионот на Милано.
На турата најавено е присуство на 15 туроператори и пет новинарски екипи од Италија во насока на промоција на Охрид на италијанскиот туристички пазар.
Од Општина Охрид сметаат дека воспоставената нискотарифна директна авионска линија Охрид- Милано дополнително ќе придонесе во зголемување на бројот италијански туристи кај нас