Магазин 16. јуни 2020. / 11:08

Охрид и брегот на Охридско Езеро ќе биде показател дали државата е мртва или жива

Охрид и брегот на Охридско Езеро ќе биде показател дали државата е мртва или жива

Повторно градот започна со отстранување на нелегално изградени објекти на брегот на Охридско Езеро и тоа од објекти во месноста Свети Стефан каде плажата во цела нејзина должина е затворена за пристап со објекти изградени нелегално, пишува порталот Охрид 1.

Дел од највлијателните дипломати во земјава во неколку наврати јасно и недвосмислено на властите им ставиле до знаење дека функционирањето на институциите на државата во Охрид, а пред се на брегот на Охридско Езеро ќе биде врвен приоритет во наредниот период и главен услов на патот кон „Европската унија“.

Со дипломатски речник во неколку наврати е укажувано до властите дека Охрид ќе биде приоритет број еден на кој ќе мери функционирањето на државата и институциите. Последен пат деновиве кога амбасадор на една од највлијателните земји во светот,  на властите во Скопје и на градоначалникот на Охрид им го кажа следното:

Охрид и брегот на Охридско Езеро ќе биде лакмустова хартија на која ќе се гледа дали државата е жива или мртва !