„Охрид фест” ќе се оддржи од 11-ти септември до 12-ти септември на сцената на “Долни Сарај”, кога Охрид ќе биде местото каде ќе се слуша македонска и балканска музика.
Фестивалот оваа година ќе се оддржи на 11-ти и 12-ти септември, поради пандемијата со оглед на тоа дека можеме сите протоколи да се спроведеме кои се пропишани, фестивалот ќе се оддржи на сцената “Долни Сарај”. Таа сцена на Балканот е една од најубавите, со тоа што Министерството за култура поради тоа што таа беше прилично несредена, ја подготви и сега реално на сцената може да се оддржат големи музичко-забавни настани. На 11-ти септември ќе се оддржи фолк вечерта, а следниот ден, 12-ти септември ќе се оддржи интернационалната вечер за која има најавено голем број на гости од соседните земји и од регионот. За жал не може да се предвиди дали сите учесници ќе може да дојдат и присуствуваат поради состојбата во која што се наоѓаме моментално, но се надеваме дека се ќе биде во наша полза, изјави за Музика 24, Григор Копров идеен творец на фестивалот.