Овогодинешната Евровизија треба да биде одржана од 12 до 16 мај во Ротердам, но во моментов се поставува прашањето дали овој престижен музички фестивал воопшто ќе биде одржан поради алармантната ситуација со корона вирусот.
Холандските медиуми пишуваат дека одржувањето на манифестацијата сè повеќе е под знак прашалник. Ова би било петти пат да се одржи Евровизија во Холандија.
Многубројни фанови ширум светот сигурно ќе бидат натажени поради одложувањето на Евровизија 2020, бидејќи е општо познато дека се одбројуваат деновите до одржувањето на фестивалот.
– Доколку ширењето на коронавирус не биде контролирано, би било залудно да се соберат толку луѓе на едно место. Мораме да мислиме однапред и да го ставиме здравјето на прво место, а за тоа се свесни и организаторите. Можно е вирусот зимава да се шири побрзо и поефикасно поради природата на заразата и дека во мај веќе ќе биде подобра ситуацијата, но моментално ситуацијата е многу сериозна и многу манифестации ќе бидат откажани – е изјавата на холандскиот виролог, Аба Остерхаус за медиумите.