Магазин 20. јануари 2021. / 15:01

Одбојкарите за пласманот на ЕП бараат иста премија како фудбалерите

Одбојкарите за пласманот на ЕП бараат иста премија како фудбалерите

Одбојкарската репрезентација на Македонија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт по големиот успех и пласманот на Европското првенство каде побараа висока премија за нивниот успех.

Претседателот на одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски се заблагодари за поддршката и најави дека очекува репрезентативците за овој голем успех да добијат иста премија како и фудбалерите за пласманот на Европското првенство.

– Би сакал да се обратам до Владата, ако сме рамноправни спортисти со сите, би сакал и одбојкарите да ја добијат истата награда како фудбалерите за пласман на ЕП, изјави Јовановски.

Во моментов е сигурно дека одбојкарите ќе добијат 20.000 евра премија од ОФМ.

Владата на фудбалерите за пласман на ЕП оваа година им додели по 10.000 евра од член на селекцијата односно вкупно 430.000 евра.