Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.
УВ индексот ќе биде 9.
Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност.
Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.
Дирекцијата за заштита и спасување, апелира да не се фрлаат на отворено цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и во шума, да не се палат стрништа и меѓи.