Магазин 28. февруари 2020. / 08:59

Облачно време со повремен дожд, а на планините снег

Облачно време со повремен дожд, а на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Утринската температура се движи од минус два до два степени Целзиусови, а дневната температура ќе се искачи и до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.

Утринската температура достигна до нулата, а дневната температура ќе биде до 11 степени Целзиусови.