Магазин 11. јануари 2021. / 07:59

Облачно со врнежи од дожд, температура до 14 степени

Облачно со врнежи од дожд, температура до 14 степени

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи.

Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 7 степени.