Денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 17 до 29 степени.
И утре ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе услови значително опаѓање на дневните температури. Потоа во нередните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен благ пораст.