Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (понекаде над 20л/м2).
Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено ќе преминуваат од дожд во снег.
Дневните температури ќе се движат од пет до 11 степени.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневните температури. Наутро постудено ќе биде особено во среда и четврток.