Магазин 19. мај 2020. / 09:43

Облачно и топло, од попладне значително нестабилно со пороен дожд

Облачно и топло, од попладне значително нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. Максималните температури ќе достигнат од 26 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје, умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за изолирана појава на град. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток. Од петок ќе има стабилизирање на времето.