Магазин 18. јуни 2020. / 17:59

Нови детали за падот на хеликоптерот на Коби Брајант

Нови детали за падот на хеликоптерот на Коби Брајант

Пет месеци по хеликоптерската несреќа во близина на Лос Анџелес во која животите ги загубија легендарниот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица, истрагата објави нови детали поврзани со падот на хеликоптерот.

Вчера националниот одбор за безбедност во сообраќајот објави дека пилото Ара Зобајан кој управувал со хеликоптерот, бил дезориентиран.

Пред еден месец, во деталниот изавештај беше наведено дека Зобајан не користел алкохол или дрога, додека во крвта на Коби Брајанр била пронајдена забранета допинг супстанца „метилфенидат“ која влијае на експлозивноста и силата на корисникот.

Истрагта покажала дека Зобајан за време на разговорот со контролата на летот, рекол дека се крева на висина од 1.220 метри за да дојде над облаците, но всушност во тој момент хеликоптерот веќе паѓал и одел кон брдото во кое се удрил.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот во извештајот напиша дека пилотот најверојатно лошо ја проценил патеката на движење низ густата магла. На тој начин се потврдени тезите на експертите дека Ара Зобајан за време на несреќата бил дезориентиран.