Магазин 25. октомври 2019. / 14:09

Нова опција за Фејсбук Вести започнува да се појавува во САД

Нова опција за Фејсбук Вести започнува да се појавува во САД

Фејсбук наскоро би требало да добие посебно јазиче за вести. Незгодниот однос на компанијата со вестите полека се претвора во партнерство, а новиот таб би требало да ја зајакне оваа врска.

– Кон крајот на неделата ќе има голема најава. Планираме да лансираме голема иницијатива околу вестите и новинарството. Склопивме партнерства со многу луѓе како би направиле нов производ кој го поддржува врвното новинарство, изјави Закерберг.

Како што пишува Вашингтон пост, мал тим на луѓе ќе биде задолжен за избор на најважните вести, додека се останато ќе го избира алгоритам кој интересирањето на корисниците ќе го поврзува со различни теми.

Првиот бран на медиуми кои ќе допринесуваат кон јазичето за вести се Вашингтон пост, Вол Стрит журнал и БазФид.

Претходно се пришуваше дека Фејсбук на почетокот на големите издавачки куќи нудел 3 милиони долари да се приклучат на проектот, но за сега не е јасно како новото јазиче ќе влијае на помалите медиуми и дали финансиска надокнада ќе добиваат само големите компании.