Магазин 28. јануари 2020. / 10:38

Нивото на реките и на езерата помало за јануарскиот просек

Нивото на реките и на езерата помало за јануарскиот просек

Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за јануари, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР,  двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се речиси идентични со просекот за јануари.