Магазин 07. јануари 2021. / 22:53

Никола Груевски се врати на твитер

Никола Груевски се врати на твитер

По две години апстинеција од социјалната мрежа Твитер, поранешниот премиер Никола Груевски денеска за прв пат твитна.

Груевски сподели порака со честитка за Божик.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е активен на социјалната мрежа фејсбук. Негова последна објава на мрежата твитер е на 24 октомври 2018 година.

Станува збор за изјава дадена пред судот по завршување на рочиште за предметот „Титаник“ во која тој вели: Посакувам силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое ќе го урне ова зло во Македонија.