Магазин 24. август 2020. / 07:44

Нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер

Нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот ќе биде 8.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени.

Утре локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.