Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната од 19 до 26 степени.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. УВ индексот ќе биде шест.
Од утре следува период на променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понестабилно време се очекува во вторник и среда, кога и дневните температури ќе бидат пониски.