Магазин 28. април 2020. / 22:15

Не е здраво да се пие вода од чаша што стоела крај креветот за време на ноќта

Не е здраво да се пие вода од чаша што стоела крај креветот за време на ноќта

Доколку преку ноќта чувате чаша вода размислите дали и понатаму да го правите тоа.

Водата не може да се расипе со стоење, но сепак, губи голем дел од своите вредности.

Пх-рамнотежата на водата се намалува кога таа ќе остане непокриена преку ноќ. Водата впива јаглерод диоксид кој ја прави кисела, но тоа не е единствената работа за која треба да се грижите – она што би требало да го привлече вашето внимание е ризикот од болести предизвикани токму од ваквата вода.

Водата е елемент склон на развој на живот. Во неа може да се развиваат бактерии доколку долго време се остави да стои незатворена на воздух. Хемијата на водата се менува, 0,13 отсто се претвора во карбонатна киселина која подоцна создава бикарбонати и карбонати. Но, не е само поради тоа небезбедно да се пие таква вода – таа привлекува и куќна прашина.

Водата може да се чува на неодредено време ако е исправно складирана. Водата во шишиња го спречува развојот на бактерии на неколку дена, но не засекогаш.

Најдобро е да пиете свежа вода која не е контаминирана. Затоа, најдобро е водата да ја сипете во чаша кога сакате да ја испиете и да не ја оставате во чашата на воздух текот на целата ноќ.

А, ако навистина не сакате да станувате само поради една чаша вода, секогаш можете да чувате шише со вода покрај креветот.