Магазин 15. јуни 2020. / 09:51

Научниците откриле клетка во човечката крв која може да го разори ракот!

Научниците откриле клетка во човечката крв која може да го разори ракот!

Тим научници од универзитетот Кардиф откриле метод што го уништува ракот на простатата, градите, белите дробови и другите органи при лабораториско тестирање
Откритието, за кое се смета дека има голем потенцијал, беше објавено во списанието Nature Immunology, а сè уште не е тестирано на пациенти. Иако ова медицинско истражување е во рана фаза, се верува дека новооткриената клетка во човечкиот имунолошки систем може да уништи секаков вид рак.
Британските научници ги испитале неконвенционалните начини на кои имунолошкиот систем напаѓа тумори и откриле дека клучот е Т-клетката во човечката крв. Оваа имунолошка клетка може да го скенира телото и во исто време да процени дали постои „закана“ што треба да се елиминира. Може да напаѓа и разни видови на карцином.

Чудесна клетка
Според истражувачот Ендру Севел, ова откритие создава шанса секој пациент да биде лекуван. Т-клетките имаат рецептори на површината што им овозможуваат да „гледаат“ на хемиско ниво. Сега се истражува како тие го прават тоа.
„Ние сме први кои ја опишуваме Т-клетката која наоѓа МНР1 во клетките на ракот, што не е направено порано, и ова е прво истражување од ваков вид“, рекол научникот Гери Далтон.

Терапија против карцином
Идејата е да се земе примерок од крв од пациенти со карцином и да се извадат нивните Т-клетки, а потоа генетски модифицирани за да се репрограмираат за да станат рецептор за откривање на карцином. Надградените клетки ќе се одгледуваат во огромни количини во лаборатории и потоа ќе се вратат на пациентот. Постапката е иста како и за терапиите со CAR-T.
Иако сè уште е во раните фази, овој истражувачки проект е значаен чекор напред во откривањето на терапиите против рак, а научниците се надеваат дека експериментите врз луѓето ќе покажат задоволителни резултати.