Натпреварот меѓу Македонија и Косово во Лигата на нациите вторпат е одложен и ќе се игра во нов термин. Двете национални репрезентации требаше да се судрат на стартот на јуни, но, поради коронавирусот следи ново одложување. УЕФА на итен состанок направи промени и ги помести баражите од Лигата на нациите за месец септември.
Предвидено е сите натпревари да се играат од 3 до 8 септември. Победникот од овој натпревар ќе игра против Грузија и Белорусија за настап на Европското првенство кое ќе се игра налето во 2021 година