Магазин 02. јуни 2020. / 15:01

НАСА предупредува дека кон Земјата се приближува потенцијално опасен астероид

НАСА предупредува дека кон Земјата се приближува потенцијално опасен астероид

Астероид, класифициран како „потенцијално опасен“, ќе се приближи до Земјата на 6 јуни.

Како што соопштија од НАСА, астероидот, чиј дијаметар е помеѓу 250 и 570 метри, се очекува да помине покрај Земјата на растојание од 5,1 милион километри со брзина од 11,1 километар во секунда.

Во моментов астрономите откриле повеќе од 8.000 астероиди со дијаметар од над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број на големи астероиди во вселената што се наоѓаат во близина на Земјата можеби достигнува 25.000.